Трагедија во Русија: Почина голман среде натпревар по судир со противнички фудбалер!

Голема трагедија се случи вчера во Русија, откако Александр Шишмарев, голманот на Краснаја Ѕвезда од Совјеск го загуби животот по судир со противнички фудбалер на пријателската пресметка со Балтика во Калининград.

Фудвалерот веднаш се онесвестил и бил префрлен во болница, каде што лекарите безуспешно се бореле за неговиот живот. Шишмарев имаше само 23 години. Првичните информации велат дека несреќниот голман не починал како последица од повреда на главата по судирот, туку се угушил, откако го проголтнал јазикот, кој никако не можеле да го извадат.

На средбата биле присутни лекарите на двата тима, кои веднаш реагирале, итната помош дошла по 20-тина минути, но колку и да се обидувале да го спасат, веќе било доцна.

Се вчитува...