Ренџерс одигра реми 1-1 против Данди во натпревар од второто коло од шкотскиот шампионат, но резултатот беше во втор план, бидејќи натпреварот го одбележа трагедија на трибините.
На социјалните мрежи најпрво се појави информација дека медицински екипи морале итно да реагираат, откако на 70-годишен навивач на Ренџерс му се слошило.
Навивачот бил пренесен во болница, меѓутоа лекарите не успеале да му помогнат, а тој починал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

