Голема трагедија во Шпанија. На трката во Алканиза загина 14-годишниот мотоциклист, Хуго Милан.
На трката од Европскиот куп за млади јуниори, Милан важеше и како еден од фаворитите за триумф на истата. Но загуби контрола над моторот на средина од патеката, па по падот на него налета Полјакот Милан Павелец кој не можејќи да го избегне поминал преку него нанесувајќи му повреди на главата и грбот.
Милан веднаш е префрлен во клиничкиот центар во Сарагоса, но поради тежината на повредите починал неколку часа по несреќата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА