Трагедија во Шпанија: Ненадејно почина млад фудбалер на Рајо Ваљекано

Шпански фудбалски клуб Рајо Ваљекано, објави дека починал нивниот 15-годишен договор Емери Моралес. Смртта настапила ненадејно.

Моралес бил член на помладите категории на Рајо, а причините за смртта се непознати. Фудбалскиот клуб Рајо се огласи на социјалните мрежи и ја соопшти трагичната вест.

„Сите во Рајо Ваљекано се потресени од смртта на Емери Моралес, нашиот играч од академијата. Им изразуваме најдлабоко сочувство на родителите, семејството и пријателите“, стои во објавата на клубот.

Потоа се огласи и Ла Лига која испрати порака за поддршка до клубот, и за семејството на фудбалерот, како и сите други клубови од шпанскиот шампионат.

Се вчитува...