Драгиша Савковиќ, фудбалер на Цер од Петковица, почина во Ургентниот центар во Белград откако беше погоден од гром за време на натпреварот Цер – Раднички во Клупци во неделата, објави „Новости“.
Веднаш потоа, лекарите од Итната помош во Лозница го реанимирале, а по лекувањето во болницата, бил префрлен во Ургентниот центар во Белград, каде што лекарите со денови се бореле за неговиот живот, но не издржал.
За време на натпреварот помеѓу Цер и Раднички околу 18:30 часот навечер, одеднаш се случил блесок на гром.
Потоа, според очевидци, гром го погодил теренот помеѓу двајца повредени играчи. Прв дотрчал кон нив тренерот на Раднички, Ненад Симиќ, здравствен работник кој започнал со реанимација на гостинскиот играч додека не пристигнала брзата помош и ја презел понатамошната грижа за повредениот играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

