Трагедија: Во страшен судир почина возач во Формула 2

Трката за Големата Награда на Белгија во Формула 2 траеше неполни два круга по страшниот судир во кој животот го загуби 22-годишниот Антоан Хуберт.

Францускиот возач се судри со друго визоло со брзина од 250 километри на час, а кога на него налета Хуан Мануел Кореа автомобилот на Хуберт се преполови на два дела. Веднаш стана очигледно дека ситуацијата е многу сериозна, возачите кои учествуваа во судирот беа пренесени во најблиската болница, но за жал лекарите не успеаја да го спасат животот на Хурден.

Тој настапуваше за тимот на Арден, чиј сопственик е Гери Хорнер, татко на тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

 

Се вчитува...