Трагедија во светот на скијањето: Биатлонецот Бакен почина на 27-годишна возраст за време на тренинг камп

Меѓународната Унија за биатлон ја објави смртта на Сиверт Гуторм Бакен на 27-годишна возраст. Бакен кој беше освојувач на малиот Кристален глобус во сезоната 2021/22 во Осло, бил пронајден мртов во хотелска соба за време на тренинг камп во Италија.

Бакен беше пласиран на 13-тото место во генералниот пласман оваа сезона, и имаше четири победи на Светското првенство.

Причината за смртта на Бакен останува непозната. Тој отпатувал во Лавазе на тренинг камп на голема надморска височина, соопшти норвешкиот јавен радиодифузен сервис.

„Неговата смрт на толку млада возраст е невозможно да се разбере, но нема да биде заборавен и засекогаш ќе остане во нашите срца“, реле претседателот на меѓународната унија за Биатлон, Оле Далин.

 

Се вчитува...