Белгискиот велосипедист Бјорг Ламбрехт погина по несреќа за време на третата етапа од Турнејата низ Полска. Тој загубил контрола и направил судар на околу 60 километри пред крајот на етпата. Бил одведен веднаш во болница каде што починал.
„На семејството, пријателите и на тимските колеги им се случи најголемата можна трагедија со смртта на Бјорг. Почивај во мир“ – стои во соопштението на неговиот тим Лото Судал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА