Трагедија: Загина млад колумбиски репрезентативец, неколку дена пред неговиот голем трансфер

Колумбискиот фудбал жали за загубата на 16-годишниот напаѓач Едер Смик Валенсија кој загина во сообраќајна несреќа во недела наутро на релацијата Пуерто Техада-Гвачене во департманот Каука, во близина на Кали.

Младиот играч бил член на академијата Алемана Попајан, а несреќата се случила за време на неговиот одмор во неговиот роден град Гвачене, кога цистерна ја изгубила контролата и се судрила со неколку возила на патот.

Валенсија важеше за еден од најистакнатите таленти на својата генерација и неодамна беше поканет на мини-циклусот на колумбиската репрезентација до 16 години, а оваа недела требаше да отпатува во САД и да потпише договор со Њујорк Ред Булс од МЛС. Исто така беше на поширокиот список на репрезентацијата на Колумбија до 17 години. 

Интересот на „Ред Булс“ започна откако тој се истакна на „Булс Купот“ до 16 години“ претходно оваа година, каде што го привлече вниманието на скаутите со еден гол. Колумбиските спортски портали ја објавија веста, нагласувајќи дека неговиот трансфер е прашање на денови и дека тој поседува висина и профил на напаѓач што се бара во модерниот фудбал.

Се вчитува...