Огромна трагедија во Турција. Загина навивач на тимот на Коџаелиспор во кој настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, откако падна од трибина за време на натпревар во турскиот Куп.
Навивачот Харда Качмаз го загуби својот живот во болницата во Коџаели, откако не се избори по падот од трибина за време на натпревар.
„За жал го загубивме Харда… Искрено сочувство до неговото семејство, најблиските и нашата навивачка заедница. Никогаш нема да те заборавиме Харда…“ – објавија од турскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

