Поранешната НБА ѕвезда Расуал Батлер и неговата сопруга, пејачката Лиа Лабел загинаа во сообраќајна несреќа која се случила утрово во Студио сити во Калифорнија.
Како што пренесуваат американските медиуми, Батлер загубил контрола кога возел по булеварот Вентура кога со своето возило Ленд Ровер, при што удрил во тротоарот а автомобилот се превртел два пати. Според информации од полицијата на САД Батлер возел два или три пати повеќе од дозволената брзина.
38-годишниот Батлер во својата кариера настапуваше за голем број тимови изминатите 14 години во НБА, меѓу кои Чикаго, Мајами и ЛА Клиперс, а кариерата ја заврши во редовите на Сан Антонио во 2016 година.
Неговата сопруга, 31-годишната Лиа Лабел, пак, блесна во 2003 година во третата сезона од познатото музичко шоу „Американски идол“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА