Иако освои четири бодови, Украина мораше да се збогува од настапот на ЕВРО 2024 година, поради најслабата гол разлика во групата. Украинците на крајот ја „платија сметката“ на поразот од 3-0 во првото коло од Романија, и така испаднаа од натпреварувањето во Германија.
Од таа група Словачка, Романија и Белгија се пласираа во следната фаза, и тоа Романија како првопласирана, додека Белгија беше втора, а Словачка трета. Однапред беше познато дека Романија и Словачка со меѓусебно „реми“ продолжуваат понатаму, и така и заврши – 1:1.
Сепак, ова не е првпат на големите натпреварување една репрезентација да испадне со четири бода. Се случи тоа и на Мундијалот во 1994 година во САД, кога во иста група се најдоа Мексико, Република Ирска, Италија и Норвешка. Така сите селекции имаа по четири бода, а Норвешка на крајот излезе последна поради тоа што постигна најмалку голови. Инаку Италија од таа група замина како третопласирана, па на крајот стигна до финалето кое го загуби од Бразил.
Сепак, елиминацијата со четири бода на Украина е прва на Европските првенства во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА