Трагичен крај за велосипедистот Скарпони: Го прегази камион на тренинг

Италијанскиот велосипедист Микеле Скарпони, трагично го загуби својот живот, откако беше прегазен од камион, додека тренираше со својот велосипед. Сведоштвата велат дека се случил инцидент со катастрофални последици, кога камион со неконтролирана брзина налетал на Скарпони и буквално го разнел неговото тело. Иако реагирале брзата помош, и со хеликоптер бил однесен во болница, за жал, само била констатирана смрт.

Скарпони е еден од најдобрите италијански велосипедисти, во 2011 година ја освои познатата велосипедска трка „Џиро Д’Италија“, а во моментов учествуваше на „Трката околу Алпите“. Тој е татко на две малолетни деца.

 

Се вчитува...