Двојната олимписка шампинка, британската боксерка Никола Адамс се откажува од кариерата. Ако продолжи да боксува ќе биде во опасност комплетно да го загуби видот. 37-годишната Адамс стана првата олимписка шампионка кога во 2012 на Игрите во Лондон го освои златниот медал. Четири години подоцна во Рио повотрно дојде до златото и стана првата спортистка во Британија што успеала да одбрани олимписки златен медал.
„Ме советуваа дека било каков следен контакт или удар во окото многу веројатно ќе има неповратно оштетување и трајна загуба на видот. Ми беше огромна чест што можев да ја претставувам нашата држава, да освојам две олимписки златни медали, а потоа и WBO појасот, што беше остварување на сонот“ – напиша Адамс во обраќањето до јавноста.
Во 2017 година, Никола Адамс стана прфесионалка и ја освои WBO титулата, ја одбрани во септември годинава. Пред да ги добие лошите вести, планираше да се натпреварува и на Олимписките Игри во Токио следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА