Поранешната шампионка на Вимблдон, тенисерката Јана Новотна, почина на 49-годишна возраст. Таа подолг период се бореше со канцерот, и на крајот, за жал, ја загуби битката.
„По долгата борба со канцерот, Јана почина во мир, опкружена од своето семејство во родната Чешка. Таа беше инспирација за сите млади луѓе покажувајќи како треба секој човек да биде борец, и на тенискиот терен, но и во животот воопшто. Нашите мисли се со семејството на Јана“, истакна извршниот директор на ВТА, Стив Симон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА