Трагична вест од Црна Гора: Почина Андрија Делибашиќ, поранешниот голгетер на Партизан

Трагична вест пристигнува од Црна Гора, каде најважната битка ја загуби поранешниот фудбалски репрезентативец на оваа земја, Андрија Делибашиќ.

Поранешниот голгетер на Партизан имаше само 43 години, но веќе две години се бореше со тешка болест откако му беше дијагностициран тумор на мозокот. Тој беше опериран во Белград, потоа стана и спортски директор на Будуќност, но болеста во меѓувреме се врати и борбата за жал имаше тажен крај за Делибашиќ.„

Делибашиќ како 14-годишно дете пристигна во Партизан од Сутјеска, мина девет години во српскиот фудбалски гигант, од кои пет години ги бранеше боите на првиот тим на „црно-белите“, псотигнувајќи го и голот во групната фаза од ЛШ против Порто во сезоната 2003/04, тогаш предводен од Жозе Мурињо на клупата.

Потоа тој играше и за Мајорка, Бенфика, Брага, АЕК, Беира Мар, Реал Сосиедад, Рајо Валјекано, Рачабури од Тајланд и за Сутјеска, тим во чиј дрес во 2015 година ја заврши играчката кариера.

Се вчитува...