Трагична вест од Зелден – Почина словенечкиот „сноубордер“ Грлиќ

Трагична вест ја потресе Словенија утрово откако беше потврдено дека животот во Зелден го загубил познатиот сноубордер Марко Грлиќ. Како што пренесуваат австриските медиуми Грлиќ во Зелден снимал промотивен материјал за ски-центарот, а во текот на еден спуст паднал и удрил во карпа која била покриена со снег.

Докторската екипа му дала реанимација на местото на настанот, но било залудно бидејќи Словенецот починал на лице место.

Грлиќ беше најпопуларниот словенечки фристајлер сноубордер, победник на голем број натпреварувања и еден од пионерите на снимањето спортски филмови.

 

Се вчитува...