Трагичната случка од детството што му го промени животот на Ван Бастен

Легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен во интервју за Би-Би-Си говореше за кариерата и животот на и надвор од фудбалскит терени. Извонредниот голгетер откри дека на 7-годишна возраст се случила најголемата трагедија во неговиот живот. Тој и негов добар другар шетале заедно по замрзнато езеро, ледот пукнал, другарот се удавил, а малиот Марко не успеал да го спаси.

„Тој ден носеше волнена капа. Се сеќавам дека стоеше на површината долго време по неговото давење. Имав само седум години и нормално тоа многу влијаеше на мојот живот. Јопи беше мојот најдобар пријател. Тогаш не сфаќав се уште што значи смрт. Имав негова мала фотографија која секаде ја водев со себе, но по десет години не можев веќе да ја најдам. Мојот татко ја имаше фрлено и ми кажа дека морам да ја заборавам таа случка и да продолжам понатаму“, изјави Ван Бастен.

Ван Бастен во кариерата играше за Ајакс и Милан, а за двата европски гиганти постигна преку 300 голови. Се уште се смета за еден од најдобрите голгетери кои ја играле оваа игра.

Се вчитува...