Трагична вест од Турција: На 49 години почина поранешен фудбалер на Бешикташ

Тренерот на турскиот гигант Бешкикташ, Хикмет Чапаноглу, почина на 49-годишна возраст како последица од срцев удар. Тој во моментот на смртта ја извршуваше улогата тренер на тимот до 17 години.

Чалпаноглу и како играч беше дел од Бешикташ, а играше и во Сакаријаспор, Дијарбакир, Беверен, Чорлуспор, Ерчијеспор, Ризеспор, Фатих Карагумрук, Фетијеспор, Шаниурфаспор. Беше член и на младинските селекции на Турција, а тренерската кариера ја почнува како тренер на Чанриспор, а од 2011 година е во младите категории на Бешкикташ, најпрво како тренер на У-14, а потоа и постари.

По повод оваа трагедија, се огласија и од Бешикташ:

„Длабоко сме ожалостени од веста за смртта на Хикмет Чапаноглу, технички директор на нашиот тим на академијата до 17 години и поранешен играч, од срцев удар. Секогаш ќе се сеќаваме на неговата служба во нашиот клуб со почит. Нека Бог му се смилува и нека им изразиме сочувство на неговото семејство, најблиските и целата заедница.“, стои во објавата на Бешикташ.

Се вчитува...