Младиот американски велосипедист Магнус Вајтзагина на тренинг откако во него удрил автомобил, соопшти Велосипедската федерација на САД.
Вајт загина на тренинг во Болдер, Колорадо, каде се подготвуваше за Светското јуниорско првенство во планински велосипедизам во Шкотска.
„Со исклучително тешко срце ја споделуваме веста дека Магнус Вајт почина на 17-годишна возраст за време на тренинг“, стои во соопштението за медиумите.
Вајт беше јуниорски шампион на САД во циклокрос во 2021 година и се натпреваруваше на СП во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

