Трагикомичен автогол на Гати, Сасуоло го шокираше Јувентус (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус загубија со 4-2 на гостувањето кај Сасуоло во натпревар од 5. коло во италијанската Серија А.

Домаќините изненадувачки до водство од 1-0 стигнаа уште во 12. минута со голот на Лауриенте. Гостите израмнија на 1-1 со автоголот на Вина во 21. минута. До крајот на првиот дел Сасуоло повторно стигна до водство (2-1) преку Берарди во 41. минута.

Ново израмнување (2-2) донесе Киеза во 78. минута, додека ново водство од 3-2 донесе Пинамонти во 82. минута. Конечните 4-2 ги постави Гати кој на трагикомичен начин си постигна автогол во 94. минута.

Sassuolo [3] – 2 Juventus – Andrea Pinamonti 82'
byu/Previous-Success8007 insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...