Трагикомичен автогол на српскиот голман во Премиерлигата (ВИДЕО)

Кризата на Борнмут продолжува, со некои навистина бизарни работи што почнуваат да се случуваат, како што е автоголот на Ѓорѓе Петровиќ против Брентфорд.

Бизарниот момент се случи во 39 минута од мечот, кога Петровиќ најпрво одбрани шанса еден на еден на Игор Тијаго, а потоа ја испрати топката во сопствената мрежа, кога еден од неговите соиграчи се обиде да блокира од гол линијата.

Се вчитува...