Трајче Сенев од Штип ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Кожув откако досегашниот тренер Ѓоре Јовановски и гевгелискиот второлигаш спогодбено се разделија бидејќи не беа постигнати очекувани резултати на стартот на годинашново првенство.
ожув се наоѓа на десеттото место на табелата, со само 10 бода по одиграни 8 натпревари. Трајче Сенев и раководството на Кожув брзо се договорија за соработка, денес тој ќе одржи и прв тренинг и веќе во наредното коло на гостувањето против Беса ќе ја води екипата.
Трајче Сенев е познато име и како поранешен фудбалер и како тренер. Играше за Брегалница, долго време со успех го носеше дресот на Силекс, со кој има освоено две титули шампион на Македонија. Беше тренер и на Силекс, Брегалница, Миравци, Кит –Го, Осогово. /М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА