Трајчевски даде гол, и порача – ќе биде девојче (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички со убедлив триумф над Скопје (3-0) ја заокружи есенската полусезона. „Романтичарите“ ги очекува и одложениот дерби – дуел против Вардар пред зимската пауза, а најверојатно ќе презимат на петта позиција.

Капитенот Душко Трајчевски го постигна водечкиот гол за Работнички во 49.минута, и ја стави топката под дресот, најавувајќи ја приновата во своето семејство, која на свет ќе дојде во февруари, пред стартот на пролетниот дел од шампионатот. Ќе биде девојче, најави Трајчевски.

Вториот и третиот гол беа дело на бразилскиот интернационалец Сержо јуниор.

[new_royalslider id=”866″]

Се вчитува...