Душко Трајчевски од кипарска Докса, Дарко Мицевски од Вардар и Томче Китановски од Македонија ЃП добија дополнителен повик од македонскиот селектор Игор Ангеловски за последниот натпревар од Лигата на нации против Ерменија кој на 18. ноември се игра во Никозија, Кипар.
По бројните откажувања поради повреди и суспензии, Ангеловски се одлучи да ги повика Трајчевски, Мицевски и Китановски кои најпрво ќе бидат подложени на тестови на Ковид-19 пред да се приклучат на репрезентативниот собир.
Македонија против Ерменците ќе биде без поголемиот дел од првотимците меѓу кои Пандев, Барди, Алиоски, Адеми, Велкоски, Димитриевски, Кире Ристевски, Николов и Спировски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

