Трајчевски постигна гол и го посвети: „Знам дека си со нас, ова е за тебе Тоше…“ (ВИДЕО)

Емотивни моменти за македонскиот интернационалец Душко Трајчевски во шампионатот на Кипар.

Трајчевски постигна победнички гол за Алки од 2-1 во дуелот против Ермис, кој го посвети на својот близок роднина Тоше Илиевски, момчето за кое на нозе беше цела Македонија но, за жал, почина по долга битка со карцином на лимфните жлезди.

„Знам дека си со нас, ова е гол за тебе Тоше“ – напиша Душко Трајчевски на својот Фејсбук профил по постигнатиот гол во 86. минута за победа на Алки….

Се вчитува...