Трајчевски пред Шкендија: Кој ќе ги искористи шансите – тој победува

Работнички по поразот од Вардар е пред ново искушение, на „Телеком Арена“ утре ќе ја пречека Шкендија. Капитенот Душко Трајчевски најавува жестока борба и се надева дека овојпат „романтичарите“ ќе успеат да ги искористат своите шанси.

„Првенството влегува во забрзан ритам, и нема многу време за анализи и размислување за претходните мечеви. Сепак, знаеме дека потфрливме во реализацијата и ќе треба да бидеме многу поконцентрирани на утрешниот меч против Шкендија. Вардар успеа да ги искористи своите шанси и затоа ги освои бодовите на неделното дерби, а ние ќе треба да се подобриме веќе на утрешниот натпревар со Шкендија. Очекувам интересен и неизвесен натпревар, со надеж дека на крајот ние ќе се радуваме“, вели капитенот на Работнички, Душко Трајчевски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...