Претстојниов викенд стартуваат пролетните возбудувања во македонскиот шампионат, а Работнички на премиерата ќе гостува во Ѓорче Петров и ќе ги одмери силите со Македонија ЃП. Капитенот Душко Трајчевски вели дека „романтичарите“ се желни за фудбал и очекуваат три бода од првото пролетно гостување.
„Подготвени сме, желни за фудбал и почеток на пролетниот дел од првенството. Зимските подготовки ги реализиравме на најдобар можен начин, а сега фокусот ни е веќе насочен кон неделниот дуел со Македонија ЃП. Нема да биде лесно, домаќинот се бори за опстанок, но ние веруваме во нашите квалитети. Добивме и значајни засилувања оваа зима, тимот е засилен, па очекувам да се претставиме во светло издание. Одиме на триумф, бодовите ни се потребни, нашата цел е да излеземе во Европа и оваа сезона“, вели Душко Трајчевски за официјалниот сајт на клубот.
Работнички во вториот дел од сезоната влегува од четвртата позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА