Работнички верува дека може да оствари триумф над Пелистер на неделното гостување во Охрид. „Романтичарите“ ги загубија досегашните два меча оваа сезона од Пелистер, но се надеваат на трета среќа, токму на претстојниот дуел.
Капитенот Душко Трајчевски очекува неговиот тим да одигра квалитетно и да стигне до посакуваниот успех.
„Се надеваме на трета среќа во дуелите со Пелистер. На првото гостување загубивме убедливо (3-0), а на вториот меч на „Телеком Арена“ (0-1) навистина немавме среќа. Не реализиравме пенал и пропуштивме неколку изгледни шанси, а потоа Пелистер не казни со погодок во финишот. Сега се надеваме дека фортуната ќе биде на наша страна. Подготвени сме и веруваме во успех. Пелистер е квалитетен тим, го респектираме максимално, оваа сезона се наметна како една од екипите што тешко прима голови и бележи одлични резултати. Сепак, сметам дека Работнички има капацитет за да слави на дуелот со битолскиот прволигаш во Охрид. Тие се фаворити, но ако одиграме квалитетно, можеме да ги освоиме трите бода“, изјави капитенот на Работнички, Душко Трајчевски, за официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА