Ненад Трајковиќ имаше причина за задоволство по денешниот триумф над Чаир во четвртфиналето од Купот на Македонија, со што беше прекината серијата слаби игри на Пелистер во последно време.
Српскиот стручњак беше задоволен од прикажаното на овој меч, но и испрати јасна порака до своите избраници дека ќе мора да се игра уште подобро ако се сака да се стигне до позитивен резултат во утрешното полуфинале, во кое Пелистер за ривал ќе го има подобриот од вечерашниот меч меѓу МЗТ Скопје и Работнички.
„Мечот беше интересен и неизвесен, ние благодарение на последните одбрани ја добивме оваа средба. Честитки на мојот тим за победата, а на противникот за добрата игра. Ние добивме нов играч кој ни е многу важен, тој со еден и пол тренинг ја одигра оваа средба и ни помогна. Мораме да бидеме многу подобри, ако сакаме да играме во финалето ќе мораме да го кренеме нивото без разлика дали утре ќе се сретнеме со МЗТ Скопје и Работнички. Знаеме дека пред нас е многу работа, но како што велат старите – на мака се познаваат јунаците“, изјави стратегот на „пелистерци“ по денешната победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА