Трајковиќ претставен во Пелистер: Ги имаме сите услови, на нас е да освоиме „двојна круна“

Искусниот српски стратег Ненад Трајковиќ денеска и официјано беше претставен пред јавноста како нов тренер на кошаркарскиот вицешампион Пелистер.

Трајковиќ кој со себе носи преголемо искуство во Битола по претходните соработки со Партизан, Реал Мадрид, Динамо Москва, Игокеа, но и НБА екипите Кливленд и Феникс го наследува Александар Петровиќ кој го водеше „зелено-белиот“ тим од стартот на сезоната.

Очекувањата за Трајковиќ во Битола се огромни, а како што вели самиот, покрај тоа што тој ќе дде максимум, клубот ги има сите предуслови за највисок пласман.

„Се надевам дека соработката ќе биде успешна и на крајот на сезоната сите ќе бидеме задоволни. Имаме некои цели, јас каде и да сум работел тие биле најголеми. Ќе пробаме со работа, залагање ќе ги надополниме недостатоците, ќе ги сокриеме слабостите и „оружјето“ со кое располагаме целосно ќе го искористиме. Јас ја следев македонската кошарка, минатата сезона имав понуда од македонски клуб па се заинтересирав и следев.

Видов дека клубот има здрава средина, дека навистина е клуб кој не должи плати, работи чесно и каде играчите и тренерите имаа само добри зборови за клубот. Тоа беше еден предуслов јас да се одлучам за оваа средина.

Како што знаете во клуб каде доцнат платите не можете да очекувате 120 отсто од играчите. Согласно со тоа, доколку овие луѓе си ја вршат задачата на најдобар можен начин во овие тешки моменти и обезбедуваат средства навремено тогаш и ние можеме да очекуваме од нив (играчите) да даваат максимум.

Тоа е предуслов да можеме да говориме за некоја цел. Со оглед на тоа што клубот си ја врши задачата, нам ни останува да дадеме максимум и да ги задоволиме навивачите и луѓето кои вложуваат во клубот“, вели Трајковски.

„Моите помошници им покажаа дека можам да се потпрам на нив и дека можат да придонесат многу за успехот на овој тим. Примен сум одлично и првиот впечаток ми е многу задоволив. Се чуствувам дека сум прифатен во едно семејство и морам да возвратам за гостопримството. Тоа ќе го направам со работа и вадење на максимум од себе и од играчите. Но, за тоа мораме да бидеме вредни и дисциплинирани, да ги оставиме и срцето и душата на терен. Публиката да го препознат тоа и со неа како еден шестти играч да ги оствариме целите кои не се лесни“

Дебито на новиот тренер ќе биде на утрешниот натпревар против Гостивар, должникот на битолчани од првиот дел од сезоната.

„Денеска го подготвувавме натпреварот. Вчера се занимававме со нашите задачи во нападот и одбраната. Нема многу да се промени во однос на барањата во нападот, добрите работи кои ги правеа со претходниот тренер. На мене е да ги мотивирам играчите, да најдат во себе поголема мотивација и да се обидеме да го добиеме натпреварот“, додава српскиот стратег.

Се вчитува...