Трајковиќ: Причината за поразот е тоа што немав повеќе време да го подготвам мечот против МЗТ

МЗТ Скопје на најдобар можен начин ја демонстрира својата моќ на завршниот турнир од Купотна Македонија што се игра во Гевгелија, откако бранителот на трофејот за помалку од 24 часа ги декласираше двата големи ривали, најпрвин Работнички, а денеска и актуелниот вицешампион Пелистр (103-88).

По мечот тренерот на битолчани Ненад Трајковиќ ја откри причината за поразот на неговиот тим…

„Пресудно е што пред два дена донесовме ново засилување кое не успеа толку рано да се вклопи во нашиот тим. Екипата на МЗТ препозна дека играме само неколку акции за него и тие тоа го искористија. Втора причина е што мора ваков меч да се подготви неколку дена порано бидејќи МЗТ е квалитетен тим. Пробавме за помалку од 24 часа нешто да направиме и не успеавме. Се надевам дека ќе бидеме многу подобри кога ќе се сретнеме следниот пат“, изјави Трајковиќ. 

Се вчитува...