’Пукаат’ сите конци во МЗТ Скопје Аеродром. Крилниот центар Бојан Трајковски вели дека ќе си замине од клубот уште вечерва, доколку тој е најголемиот проблем во таборот на „металците“. Како што вели, до него допреле такви гласини по завршувањето на средбата.
„По мечот слуснав дека не сум заслужувал да бидам дел овој тим. Па, ако само јас сум проблемот, тогаш уште вечерва ќе си заминам од МЗТ Скопје“, изјави револтирано Бојан Трајковски по дебаклот од Унион Олимпија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА