Александар Трајковски со Хајдук ја доби со 1-0 мега-пресметката во 10. коло од хрватскиот шампионат против Динамо Загреб и Аријан Адеми.
Одличен фудбалски спектакл на „Пољуд“ во Сплит во кој Динамо Загреб диктираше ритам и игра, но Хајдук е тој ги однесе трите бода со кои повторно се врати на врвот од табелата во ХНЛ.
Единствениот гол вреден победа за Хајдук беше дело на Емир Сахити во 59. минута од натпреварот., и тоа токму на асистенција на македонскиот репрезентативец кој одлично со глава го проигра соиграчот во акцијата во три потези.
Александар Трајковски во игра кај сплитските „бели“ влезе на стартот од второто полувреме играјќи значајна улога во својот тим, не само само со асистенцијата за триумф, но посебно и низ последниот половина час игра кога се бранеше победата на домашните.
Аријан Адеми, пак, кај Динамо во игра влезе во 62. минута на местото на Емрели. Во одбраната на Динамо Загреб недостасуваше Стефан Ристовски, кој поради повреда мораше да ја пропушти големата дерби-пресметка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА