Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за двата квалификациски натпревари, против Италија и против Малта, низ септемврискиот дел од квалификациите за ЕП 2024.
Фокусот на репрезентативците во прв момент секако е кон пресметката со европскиот шампион Италија на 9. септември на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Александар Трајковски пред мечот со Италијанците вели дека би сакал да бидат потценети, но дека нема да биде овој натпревар како тој во Палермо.
„За нас секој натпревар е многу важен. Мечот со Италија е еден од потешките. Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани. Покажавме дека можеме, зошто тоа да не го направиме и на домашен терен. Треба да бидеме максимално фокусирани и со поддршка од навивачите да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Италијанците на некој начин ќе сакаат да се реваншираат за поразот од Палермо, би сакал да не потценат, но знам дека овој пат нема да биде исто“, вели Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА