Фудбалската репрезентација на Македонија утре на домашен терен со почеток во 15 часот ќе ја пречека селекцијата на Фарски острови во последниот меч од Лигата Ц од новата сезона во Лигата на нации.
Македонија со победа на овој меч ќе направи крупен чекор кон пласман во баражот за пласман на СП 2026 година. Еден од најискусните во репрезентацијата Александар Трајковски говореше за мечот против Фарски острови на официјалната прес-конференција.
„Постои замор играме на три дена, сепак нема да ни биде ова првпат вака да играме, нашиот фокус е да дадеме најдобро и на овој последен меч сакаме да завршиме на најдобар можен начин. Заморот ќе го оставиме зад себе за да завршиме со три бода“, изјави Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА