Македонскиот фудбалски национален тим, го имаше собирот за престојните два натпревари во Лигата на Нации против Летонија и против Фарски Острови на домашен терен во четврток, односно во недела во рамките од Лигата на Нациите.
Националите ја почнуваат оваа мисија како првопласирани, и само чудо треба да се случи да не завршиме на првата позиција, но избраниците на Благоја Милевски не смеат да се опуштат, затоа што е подобро да ја завршат групата со повеќе бодови, за баражот за пласман на идниот Мундијал.
Еден од најискусните во репрезентацијата, Александар Трајковски вели дека сака овој циклус да го заврши со две победи…
„Убаво е да се има низа на победи без примен гол. Тоа докажува дека имаме квалитет, и не само да победуваме туку и да го браниме резултатот. Се надевам дека и во овие два натпревари ќе го покажеме истото. Мислам дека ова се најважните натпревари. Верувам во нашата екипа, мора позитивно да мислиме и да го дадеме максимумот. Квалитетот не е спорен, ние веруваме во нашите способности. Но, тоа треба да го покажеме на терен. Нема подобра можност да го завршиме овој циклус со две победи пред домашната публика и да се пласираме во плеј-офот“, рече Александар Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА