Трајковски дебитираше кај Гатузо, Хајдук уште еднаш разочара

Македонскиот интернационалец Александар Трајковски, го имаше првиот натпревар за Хајдук под водство на легендарниот Џенаро Гатузо. Откако имаше повреда, Трајковски не играше во подготвителниот период, па настапи денеска во последните 30 минути на гостувањето кај Ружомберок во третото квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Иако важеше за фаворит, сепак, Трајковски и неговиот тим одиграа само без голови на првиот меч, а сега е реваншот во Сплит.

Хајдук сака, конечно, да избори место во групна фаза на едно европско натпреварување, а со неколку звучни имиња кои ги донесе како Ракитиќ и Перишиќ, се надева дека, конечно, ќе дојде до титулата после долги години пауза.

Се вчитува...