Кошаркарите на Феникс стигнаа до петтата победа сезонава откако вечерва славеа на гостински терен кај Охрид со 70-92 во последниот меч од 9. коло во Првата лига.
Домаќинот успеа да биде во егал во првата четвртина по која гостите имаа предност од само еден поен 23-24. Вистински бум играчите на Денис Дервишевиќ доживеаја во вториот период кој го добија со четиринаесет поени разлика и на пауза заминаа со голема предност од 36-51.
Во вториот дел скопскиот тим само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 70-92. Бојан Трајковски со 35 поени беше убедливо најдобриот поединец во победничкиот табор, додека кај поразените Брајант Бернард постигна 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА