Александар Трајковски ги минува последните месеци во дресот на Хајдук, откако клубот веќе донел одлука да не ја продолжи соработката со македонскиот репрезентативец чиј договор истекува на крајот од оваа сезона.
Нашиот голгетер настапи на 11 натпревари сезонава, на голем дел од нив влегувајќи од клупата за резерви, притоа постигнувајќи само еден гол. Гатузо смета на него како на џокер од клупата, но управата е решена дополнително да го засили тимот за наредната сезона, што ќе значи и разделба од дел од играчите од постоечкиот ростер.
Згора на тоа, Хајдук преговара за во своите редови да го врати словенечкиот офанзивец Млакар, уште една јасна порака дека за Трајковски нема иднина на „Пољуд“ по завршувањето на оваа сезона.
Александар Трајковски е член на Хајдук од 2023 година, кога пристигна во овој клуб од редовите на Ал Фајха од Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА