Трајковски: Главата горе, ние сме максимално мотивирани

Македонската фудбалска репрезентација вчера загуби од Австрија со 3-1. Во последните 20 минути австријците демонстрираа поголема физичка подготвеност и успеаја да дојдат до убедлива разлика за големи три бода, сепак, македонските „рисови“ и покрај поразот покажаа одлична игра и претставија вистинска борбеност и мотивираност.

Александар Трајковски даде своја изјава за вчерашниот меч, па тој потенцираше дека без оглед на вчерашниот проаз неговите соиграчи се максимално мотивирани за следните натпревари.

„Игравме одличен фудбал околу 70 минути. Бевме најмалку рамноправни и создадовме шанси. Главата горе, ние сме максимално мотивирани. Ќе го анализираме дуелот со Австрија и максимално ќе се подготвиме за Украина. Голема благодарност до фановите за поддршката, ќе се обидеме да ги израдуваме“, потенцираше Трајковски.

Се вчитува...