Хајдук Сплит за кој настапува македонскиот интернационалец Александар Трајковски имаше нова сезона за заборав во која и покрај тоа што атакуваше на шампионскиот трофеј заврши на третото место зад Динамо Загреб и Ријека.
Во новата сезона храватскиот прволигаш ќе претрпи поголеми промени, а со ангажманот на Никола Калиниќ на позицијата спортски директор се очекува на „жешкото столче“ да седне и големо тренерско име.
Хрватските медиуми шпекулираат со повеќе имиња, а интересно меѓу балканците се јави и името на поранешната италијански фудбалска ѕвезда, Џенаро Гатузо.
Италијанецот последниот ангажман го имаше во француски Марсеј каде доби отказ по само 24 часа на клупата. Претходно беше тренер и на Сион, Милан, Наполи, Палермо и Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА