Трајковски го навлече гневот на Гатузо: Кој не сака да биде во Хајдук има 12 дена да си оди

Се поизвесно е дека македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски е пред заминување од Хајдук.

Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, Трајковски го навлекол гневот заедно со Звонимир Шарлија на тренерот Џенаро Гатузо.

„Лошо, лошо, многу лошо. Многу сум лут, ќе објаснам и зошто. Лани Хајдук во првата полусезона освои 38 бода, во вториот дел 26, а тоа многу лесно може да се повтори и сега. Овој меч со Мурсија беше ужас, не ме интересираат имиња, кој не сака да е тука, има уште 12 дена и може да си оди. Сфаќам дека постои замор, но сакам пристап. Дресот на Хајдук мора да се почитува“, изјави Гатузо.

Се вчитува...