Македонскиот атлетски репрезентативец Андреас Трајковски го освои 12. место во дисциплината скок во далечина на Светското првенство во сала кое се одржува во Глазгов, Шкотска.
Трајковски имаше скок од 7,73 метри, што е само за шест сантиметри послабо од македонскиот рекорд во скок во далечина во сала, кој го постави самиот пред еден месец на Балканијадата во Истанбул, Турција.
Македонскиот атлетичар во првата серија прескокна 7,55 метри, во втората 7,73 метри, а во третата 7,51 метри. Му недостасуваа пет сантиметри за да се пласира меѓу првите осум со што ќе се здобиеше со право за уште три скока.
Светски шампион е Гркот Милтиадис Тентоглу кој имаше скок од 8,22 метри, среброто му припадна на Матиа Фурлани од Италија со иста должина како Тентоглу но послаба серија, додека бронзата ја освои освои Кару Меклед од Јамајка со скок од 8,21 метри.
Трајковски е еден од македонските кандидати за норма за настап и на ЛОИ во Париз оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА