Александар Трајковски беше стрелец против Белорусија на квалификацискиот меч во Скопје што го загубивме со 1-2 во минатиот циклус за ЕП 2016, но сега е посреќен бидејќи им возвративме на Белорусите со полна мера. Македонија славеше со убедливи 3-0 на денешниот пријателски меч, врзувајќи две победи во низа по триумфот и против Лихтенштајн во Вадуз.
„Среќни сме за победата, со оглед и дека е втора во серија, откако остваривме триумф и над Лихтенштајн во квалификациите. Го пронајдовме победничкиот рецепт и тоа можеа навистина да не радува. На претходните мечеви ни недостигаше можеби малку повеќе среќа за да стигнеме до позитивен резултат, но напорната работа и нашата искрена жалба мораше да донесе ваков епилог. Верувам дека во ист стил ќе продолжиме и понатаму“, изјави Александар Трајковски по победата над Белорусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА