Бојан Трајковски разочаран од поразот од Морнар истакна дека МЗТ многу се трудеше да го добие мечот кој го загубија во последните моменти. Според него неговите соиграчи покажаа голема енергија за разлика од претодните средби, но ниту тоа не беше доволно за конечно да тргнат работите кон подобро.
„Градиме предност и се бориме за неа цели 30 минути, но на крајот се ни пропадна во вода. Добро е што за разлика од останатите натпревари покажавме енергија и желба за победа, но очигледно тоа беше максимумот. Се обидовме се што можевме за да ја оствариме оваа толку посакувана победа, но ќе се трудиме уште повеќе, ќе работиме повеќе на тренинзи да ги исправиме оние грешки. Жал ми е што не успеавме да ги израдуваме навивачите на „Фемили“ кои се вратија на трибините да не поддржат“, истакна Трајковски.
Трајковски ја искористи приликата јавно да му се заблагодари на сега веќе екс-тренерот Тодоров, а му посака добредојде и успешна работа на новиот предводник Лукајиќ.
„Сакам да му се заблагодарам на Ацо Тодоров за се што направи во изминатиов период за оваа екипа. Жал ми е што оваа приказна заврши многу порано од очекуваното и на лош начин, но му посакувам се најдобро во иднина. Исто така сакам да му посакам добредојде на нашиот нов тренер Жељко Лукајиќ и се надевам дека ќе имаме успешна соработка и ќе ги исправиме работите во најскоро време“, додаде Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА