Трајковски и Ал-Феиха обезбедија опстанок во Саудиска Арабија

Македонскиот фудбалски интернационалец Александар Трајковски и неговата Ал-Феиха обезбедија опстанок во Премиер-лигата на Саудиска Арабија.

Откако во последното коло им беше доволно и реми Трајковски и соиграчите успеаја да слават на гостувањето кај Ал-Веда со 0-1.

Голот за победа го постигна Мадаш во 94. минтуа. Трајковски беше стартер за својот тим и одигра 72 минути.

Победа оствари и Ал-Етифак на Дарко Велковски со 0-2 над Ал-Адал. Македонскиот дефанзивец натпреварот го помина на клупата за резерви.

Се вчитува...