ЕКИПА во Вадуц
Горан Бошев
Македонската репрезентација има предност од 0-2 на гостувањето во Вадуц против Лихтенштајн, и се наоѓа пред триумф на првиот квалификациски натпревар за пласман на СП 2026 година. Доминацијата македонскиот национален тим можеше да ја круниса и со уште некој гол, но во исто време и да има проблеми и да прими еден погодок, особено што на 2-3 пати противнападот на домаќинот и тоа како се покажа како најсилно оружје. Меѓутоа најпрво Трајковски, а потоа и Муслиу и донесоа на Македонија солидна предност, и сега во вториот дел да се одработи задачата да се дојде до трите бодови од ова гостување.
Македонија тргна офанзивно, веднаш сакаше да го отвори резултатот, и тоа им успеа. Сепак, вреди да се напомене дека во првите пет минути, Лихтенштајн играше агресивно, и не дозоли многу да се развива играта на нашата селекција.
Сепак, во 7. минута од средбата една долга топка од Алими до Миовски, кој од левата страна се најде во добра ситуација, го измами и голманот Бухел, но беше премногу косо, па во последен миг центрираше до Трајковски, кој со глава погоди во празната мрежа на излезениот голман на Лихтенштајн.
El GOL DE TRAJKOVSKI DESPUES DE UNA CORRIDA HERMOSA DEL LOCO MIOVSKI QUE NOS DA EL GOL A LOS 7 MINUTOS!!
MACEDONIA 1 – 0 LIECHTENSTEIN pic.twitter.com/FXBhThZice— Mecedonia
(@MacedoniaFC) March 22, 2025
Македонија навидум ја имаше контролата на играта, но во 22. минута една голема грешка, можеше скапо да ја чини нашата селекција. Противнапад и продор на Пици кој шутираше опасно, Димитриевски кратко одби, топката се влечеше до гол линијата, па нашиот голман успеа во последен миг да ја скроти.
Убав гол постигна Миовски, но истиот беше поништен поради офсајд.
Миовски уште еднаш беше во добра шанса во 38. минута по центаршут на Чурлинов од десно, но со глава се обиде само во голманот Бухел кој лесно интервенираше. Три минути подоцна исто така Миовски се закани, но во последен миг Вајзер блокираше, па топката заврши во корнер.
Од тој корнер, Македонија постигна и втор гол, со кој уште по првиот дел се стекна со 2-0. Барди го изведе корнерот, а топката од првиот дирек се одби до Муслиу кој постави нога пред одбранбениот играч на Лихтенштајн, и во пад постигна гол за предност од 0-2.
El GOLAZO de media volea de Musliu para darnos el contundente 2-0. pic.twitter.com/XSZ93X4vNL
— Mecedonia
(@MacedoniaFC) March 22, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА