Атлетска Федерација на Македонија ги прогласи најдобрите атлетичари и атлетичарки за 2025 година, година што ќе остане запаметена како историска за македонската атлетика.
Во сениорска конкуренција, признанијата им припаднаа на: Адријана Поп Арсова (Атлетски Клуб Делта) и Андреас Трајковски (Атлетски Клуб Работнички), атлетичари кои со своите настапи, резултати и континуитет ја одбележаа сезоната и поставија високи стандарди за идните генерации.
Во младинските категории, признанијата им беа доделени на: Марко Алексовски – најдобар младинец (Атлетски клуб Центар), Мелиса Димитриевска – најдобра младинка (Атлетски клуб Дрени Старт), Ева Митевска – најдобра помлада младинка (Атлетски клуб Работнички), Михаил Стошевски – најдобар помлад младинец (Атлетски клуб Куманово).
Кај пионерите, признанијата ги понесоа: Ведран Николовски – најдобар пионер (Атлетски клуб Куманово), Марта Димковска – најдобра пионерка (Атлетски клуб Работнички), и во категоријата млади пионери: Ељана Салаи – најдобра млада пионерка (Атлетски клуб Куманово) и Арти Џеладини – најдобар млад пионер (Атлетски клуб Куманово).

Наградите ги врачија деканот на факултетот за физичко образование, спорт и здравје, професор д-р Владко Неделковски, професорот по атлетика професор д-р Александар Симеонов, потпретседателите на федерацијата, Филип Колевски и Алим Хајредини, како и претседателката на федерацијата, Александра Војнеска Зикова.
„Оваа свеченост не беше само прогласување на најдобрите — туку и потврда дека македонската атлетика има силна сегашност и уште посилна иднина. Честитки до сите наградени, нивните тренери и клубови, кои со секој чекор ја носат атлетиката напред“ – порачаа од Атлетската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

