Македонските интернационалци кои настапуваат во Хрватска, Александар Трајковски и Леонард Жута, беа расположени за асистенции за своите тимови Локомотива, односно Славен Белупо.
Жута беше асистент на вториот гол за Славен Белупо на гостувањето кај Горица, кој заврши без победник 2-2.
Александар Трајковски, пак, асистираше за водечкиот гол за неговата Локомотива против Вараждин, но на крајот гостите успеаја да израмнат и да дојдат до бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

